Во овие жешки летни денови доколку сакате да најдете мир и спокојство од градскиот метеж, вистински избор е Вевчани. Сместено во планински предел, селото изобилува со вода и зеленило. Прошетката покрај вевчанските извори е вистинско уживање и освежување. Вевчани е успешен спој на традиционалното и современото и плени со својата автентичност. Руралниот туризам привлекува се поголем број гости во текот на целата година, кои можат да уживаат во неповторливиот амбиент и гостопримството на вевчанци.Жителите на ова село со векови ги негуваат обичаите, според кои и ден денес ги изведуваат свадбите и другите веселби.


Вевчанци верни на традицијата

Ohridnews