Десеттици бездомни кучиња лежат на градскиот плоштад во центарот на Охрид. Се топлат на октомвриското сонце, играат и се бркаат помеѓу минувачите.

Глетката е непријатна велат граѓаните. Истакнуваат дека на Охрид не му доликува ваква слика која секојдневно ја гледаат и туристите, кои ги фотографираат кучињата, внимателно заобиколувајќи ги од далеку за да избегнат евентуална опасност.

Од локалната самоуправа неодамна најавија дека е отпочната процедура за изградба на стационар во месноста Мауцкер каде треба да бидат сместени бездомните кучиња, како дел од решението на долгогодишниот проблем. Во тек е и националната кампања за чипињање на домашните миленици кои, за жал, многу често по извесен педиод се напуштаат од сопствениците и оставаат на улица, со што се усложнува ионака големиот проблем со бездомните кучиња кај нас.

OhridNews