Култниот клуб „Џез Ин“ вечерва беше претесен да ги собере сите фанови и љубители на охридската метал дружина „Хардфејсд“, кои го промовираа својот албум “Бессона дремка на брегот на младоста”.

Ова е нивни четврт студиски албум по “More Than Hate” – 2007, “Show Them What They Fear” – 2011 и “Dying Lake” – 2014 година.

Албумот кој е сниман во Македонија и Шведска и миксан во Германија, е издаден под етикаета на „Diehard Records“ и тоа во формат на плоча (класаичен црн винил и бела варијанта) и компакт диск. Содржи десет песни, а јавноста веќе е запознаета и со двата сингла, песните “Black Sun” и “Desolated” кои излегоа минатиот месец.

Промоцијата на албумот продолжува во петок во Скопје, на пин конференцијата која е во рамките на овогодинешниот Таксират фестивал.

OhridNews
фото: А. Момироска