Духовното светилиште на Св. Климент Охридски на Плаошник, за Велигден е разубавено со големо црвено јајце, кое го симболизира најголемиот христијански празник.
На Плаошник, како и во сите други православни храмови во Охрид денеска е раздвижено. Традиционално верниците на Велики Петок ги посетуваат црквите каде денеска е изложена плаштеницата, која го симболизира Христовиот гроб. Поминувајќи под плаштеницата, верниците сочувствуваат со распнатиот Исус, а обичај е да се остави велигденско јајце.
OhridNews
фото: Анамарија Момироска