Миленикот на охридската ракометна публика, бескомпромисниот борец и пикер на ГРК Охрид Иван Тасески, денеска и кажа Да на својата љубена Надица Метулева. Тие ја крунисаа својата љубов во спортски стил, а останува да се види кој од двајцата Тасески ќе се снајде подобро во новата улога.
Популарниот Тасе и Надица среќните момент ги споделија со своите најблиски. Претходно ГРК Охрид во рамки на 1то коло од новото првенство во Супер лигата го совладаа Тиквеш со 29:24, а играчите победата му ја посветија на младоженецот Тасе.
Кон честитките се приклучува и редакцијата на OhridNews која им посакува најубави желби и мирни брачни води на Иван Тасе и Надица.
Пикерот на ГРК Охрид Иван Тасески од сега во нова улога
Фото: Емил Јовановиќ