Градоначалникот на Охрид и оваа година на Денот на рибарите не пропушти да биде со ветераните на Водици и сограѓаните кои учествуваа во традиционалното зимско капење. Петрески се фрли во студените езерски води, каде заедно со останатите учесници во манифестацијата одигра оро. Рече дека водата била малку постудена од лани, но тоа не му претставувало голем проблем. „Се капам за здравје како татко на градот за сите граѓани на Охрид и на Македонија“, рече Петрески, кој покажа добра пливачка форма во зимски услови.


Оро во вода