Фудбалерите на Пелистер попладнево на „Атина Бојаџи“ го одржаа единствениот тренинг пред натпреварот кој ќе го одиграат против Брегалница в сабота со почеток во 14 часот во рамките од 20-та рунда во Првата македонска фудбалска лига.

„Зелено белите“ во мечот со фенерџијата на кој ќе нема публика влегуваат како фаворити и со голема желба за победа која ќе ги продолжи амбициите за пласман на местата од табелата кои водат во Европа следната сезона.

– Фаворитската улога пред натпреварот не значи ништо на теренот. Ние едноставно мора да победиме против Брегалница после ремито со Победа во Струмица. Сигурно и тие како и ние имаат свои цели пред мечот кој не по наша волја ќе го играме во Охрид. Теренот го познаваме поминавме две недели тука, но сепак мене лично ми останува болката што овој натпревар не го играме во Битола и покрај тоа што трибините ќе беа празни. – изјави тренерот на екипата, Наџи Шенсои.


Ждрепката на судии го одреди Димитар Мечкаровски за главен на натпреварот кој ќе ја отвори 20-та рунда во македонскиот фудбалски шампионат.

Фотогалерија:

Лесен тренинг на „пелистерци“ во Охрид.

Мх.П.