Охридските ракометни надежи забележаа рутинска победа над своите врсници од Битола совладувајќи ги со 31-24 (19-11) во 9-та рунда од кадетската лига.
Со третиот триумф сезонава избраниците на Наум Бабачев се искачија едно место погоре на табелата, односно го минаа Пелистер кој падна на седмата позиција.
Дилемите околу победникот младинците од РК Охрид ги решија во првиот дел кој го добија со осум погодоци позитива (19-11).
Во второто полувреме Бабачев им даде шанса на сите ракометари од клупата, а гостите го искористија тоа да го ублажат поразот во Охрид за конечни (31-24).
Во следната десетта рунда младите ракометари гостуваат во Прилеп кај истоимената екипа.
OhridNews