По три децении пекарскиот бренд „Зоби“ ја промени локацијата на познатото продажно место кај автобуската станица на улица „Питу Гули“, каде од вчера со работа почна супер модерен продажен објект.
Новото продажно место на „Зоби“ покрај надалеку познатиот бурек и квалитетни печива, наскоро ќе нуди и бургери, бурито, тост и други видови сендвичи.
Посетителите ќе може да уживаат во вкусните печива и сендвичи од „Зоби“ на отворената тераса, секој ден од 06 до 20 часот.
Новата пекарницата „Зоби“ на „Питу Гули“ е опремена со најсовремена опрема, а работниот простор, како и продажниот дел пленат со исклучителна инвентивност и хигиена.
Брендот „Зоби“ кој успешно постои веќе 30 години, покрај на улица „Питу Гули“, го има и на добро познатата локација на булеварот „Туристичка“ во Охрид, како и во Скопје, во населбата Аеродром.
OhridNews