Станува симптоматично паѓањето на сообраќајните знаци и патокази во Охрид. Особено на тие поновите. Не поминаа неколку недели од последниот случај, деновиве забележавме уште еден кутнат патоказ. Овој пат во близина на СРЦ „Билјанини извори“. Дали настрадал од некого или нешто не е во ред со стабилноста на патоказите во Охрид кои пречесто паѓаат, сеедно, локалната која одвои големи средства за нивно поставување треба да преземе нешто против ваквата појава. Не дека тоа е од есенцијално значење за развојот на општината, ама впечаток е дека нешто не е во ред или со однесувањето на граѓаните или со патоказите.


 Патоказите повеќе на отколку над земја

Ohridnews
фото: Мирко Постоловски