Бројни минувачи застануваат покрај каналот Студенчишта да го видат парот лебеди со нивната принова која неодамна дошла на свет.
Семејството лебеди буди радост кај луѓето кои ги фотографираат и уживаат во убавината на овие птици кои се заштитен знак на Охридското Езеро.
Обично лебедите имаат повеќе малечки, но овој пар има едно. Причините се во природата и хидролошките услови, како што е високото ниво на езерото во сезоната на парење, што претставува опасност за гнездата на лебедите. И покрај се овој пар на свет донесе младо кое ќе го продолжи видот и ќе го разубави Охридското Езеро.
Г.М.