Сигнализацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум е десеткуванa. Голем дел од електричните столбови се уништени, а во ништо подобра состојба не се ниту сообраќајните знаци и другата инфраструктура. Деновиве настрадаа знаците и информативната табла на општината кај Хидробиолошкиот институт кои буквално се откорнати од тротоарот. Искусните возачи посочуваат дека светилките и другата сигнализација се поставени премногу блиску до коловозот и дека често не се почитува пропишаната брзина на движење поради што доаѓа и до излетување на возилата и уништување на инфраструктурата. За жал на неколку наврати излетувањата на овој патен правец завршуваа и со трагични последици.
Ohridnews
фото: Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com