Голем број гости и пријатели, синоќа, присуствуваа на отворањето на новиот лаунџ бар „Влахов 52“.
Меѓу гостите беа градоначалникот Никола Бакрачески, како и познати јавни личности и уметници.
Локалот со уникатно име, свечено беше отворен со настап на култниот охридски бенд „Камелеон“, кој на гостите им приреди прекрасно музичко уживање.
За микрофонот покрај извонредниот вокал Драган Василески – Пајо, се фатија и Александар Ѓурчев и младиот, но веќе докажан музички уметник Боби Мојсоски.
Лаунџ бар „Влахов 52“ се наоѓа на ул. „Димитар Влахов“, наспроти гимназија, во зградата на Црвен крст. Нуди вкусни специјалитети и квалитетна услуга, надополнета со широк збор на освежителни пијалаци, како и најголем избор на пива, а сето тоа по прифатливи цени.
Oд менаџерскиот тим на „Влахов 52“ најавуваат квалитетни забави со живи свирки, неделни менија, како и можност за организирање приватни свечености.
-„Влахов 52“ ќе биде урбано катче за уживање.- велат од менаџерскиот тим на новиот лаунџ бар во Охрид.
OhridNews