Со концерт на ансамблот „Танец“,синоќа на сцената на Долни Сарај беше отворено 56-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Фестивал за отворен го прогласи претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој е покровител на манифестацијата, а свои обраќања имаа заменик градоначалникот Ангел Јанев и директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Горан Стојаноски.

 

Покрај НА „Танец“, годинава ќе настапат фолклорни ансамбли од Воден, Грција, Трстеник-Србија, Поградец-Албанија, Бугарија, Хрватска, Квинбијан-Австралија и две културно уметнички друштва од Охрид, Пирамида и Отекс. Во рамки на фестивалот ќе биде отворена и ликовна изложба на дела од 30- тина сликари од колекцијата на Центарот за култура. 

Балканскиот фестивал се одржува од 1962 година и е  една од најстарите и најреномирани, културни манифестаци за народниот мелос на овие простори. Низ годините на одржување на фестивалските денови продефилирале илјадници учесници и играорци.

OhridNews