Со црковна церемонија утрово беше осветена црквата Св. Никола во село Вишни, струшко, изградена по иницијатива на црковниот одбор и граѓаните на селото.

Свечениот чин на осветување на црквата и литургијата ја водеше Отец Васко Голабоски, парохиски свештеник.

Беше осветена вода, верниците се причестија, а беше поделена и нафора.

За осветувањето на црквата, претходно во неколку наврати биле определени датуми, но од одредени причини истата не била осветена се до денешниот ден, големиот празник посветен на Св. Петка.

Црквата Св. Никола е отпочната да се гради во 1999 година, а комплетно е завршена во 2007 година од семејството Трповски и со помош на граѓаните. Изградена е на место каде претходно постоела стара црква, во соработка со Дебарско- кичевската епархија.

На светиот чин присуствуваа голем број верници од Охрид, Струга и Вевчани.

Н.С.Ј./Г.М.

фото. Емил Јовановиќ