Непознат сторител, ноќеска, осквернавил пет гробови на градските гробишта во Охрид.
Како што информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, насилно оштетени се четири гроба на муслиманските гробишта и еден на православните гробишта. Покрај оштетувањата на гробовите со фломастер биле испишани броеви.
На местото на настанот ивршен е увид во присуство на јавен обвинител.
Истражните органи работат на расветлување на случајот и откривање на сторителите на овој нецивилизациски чин.
OhridNews