Ракометарите на Охрид одново ги израдуваа своите навивачи откако на гостувањето во Битола го совладаа Пелистер со 28-26.

Победата над некогашниот македонскиот првак има голема тежина бидејќи охриѓани на мегдан со Пелистер отидоа со повредени играчи и болен пораз од Тинекс Пролет со погодок во последната секунда.

Во спортската сала Младост „гладијаторите“ брилираа и покажаа дека се посилни од сите проблеми сезонава.

Мх.П.