Неколку охриѓани беа дел од фудбалското „Ел Класико“ кое се одигра на Камп Ноу меѓу Барселона и Реал Мадрид. Охриѓаните во сопствената режија одлучија да го проследат едно од најголото дерби на светот.

Чувството да се биде дел од најголемото фудбалско дерби во светот е неописливо. Сите ја бодреа Барселона во еден глас и не се штедеа за поддршка на нивните миленици – рече Љупчо Грданоски.

Да биде се совршено за охридската експедиција на Камп Ноу се погрижија пулените на Тата Мартинез кои со 2-1 го совладаа Реал Мадрид.

Мх.П.