Теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид со коктел за сите членови и соработници во Ресторанот „Валентино“ ја заокружи 2018 година. Клубот кој на боречката спортска сцена постои повеќе од 25 години, во годината што изминува учествуваше на десеттина турнири со меѓународен карактер, а освои вкупно 86 медали и неколку индивидуални признанија.

  • 2018 е една од најуспешните години во нашиот клуб. Најголем наш успех е завршување на спортската сала во која секојдневно тренираме. Прет почетокот на сезоната одлучивме да учествуваме на исклучиво квалитетни турнири со меѓународен карактер. Во однос на минатата година имаме помалку одличја, но повеќе вредат, бидејќи се остварени на ултра квалитетни турнири. Во годината што доаѓа ќе учествуваме на сите турнири, а првиот не очекува во февруари месец. – изјави првиот човек на клубот, Марјанчо Лазаревски.

Специјални награди за резултатскиот придонес за клубот добија Елена Јанеска, Антонио Дамески и Давид Крстески, а со благодарница се закити и Ohrid News кој 12 години несебично ги подржува охридските спортисти и клубови.

Завршната вечер на охридскиот теквондо клуб започна со минута молк за прерано починатиот Градоначалник Јован Стојаноски кој беше голем подржувач и љубител на спортот.

OhridNews