Ракометниот клуб Охрид продолжува по зацртаниот план играчкиот ростер да биде формиран од сопствената ракометна школа и домашни играчи, откако седум ракометари од младинската екипа потпишаа четиригодишни договори. Верност со охридскиот клуб потпишаа Наум Костов, Николче Ристески, Мартин Иваноски, Кристијан Димитриески, Даниел Андоновски, Јован Трајкоски и Михаил Иваноски.

  • Сакам да им честитам на седумте ракометари кои потпишаа четиригодишни договори и да им посакам многу среќа оваа сезона и следните кои престојат. Нив им останува да се фокусираат во тренирањето и играњето ракомет, а ние продолжуваме по зацртаниот пат кој го ветивме. Сениорската екипа ја формиравме со домашни играчи и две странски засилувања кои ни беа неопходни. – изјави Горан Недески.

„Гладијаторите“ подготовките за новата сезона ги започнаа на 8 август и течат според планот. Екипата во периодов кој следува ќе одигра контролни натпревари и максимално подготвено ќе го пречека стартот од Супер лигата. Охриѓани во првото коло гостуваат во Скопје кај Тинекс.

OhridNews