Ракометарите на Работнички ги освоија бодовите во Охрид победувајќи ги „гладијаторите“ со 25-22 (13-13) во 11-та рунда од Младинската ракометна лига.


Избраниците на Наум Бабачев одлично го отворија натпреварот и го контролираа резултатот во првиот дел кој на крајот заврши со егал на семафорот (13-13).

Гостинските ракометари уфрлија брзина погоре, охридските младинци не возвратија со иста мера и претрпеа пораз вкупно осми сезонава.


Во составот на Охрид со осум голови се истакна Наум Костов, пет реализираше Мартин Иваноски, а три Кристијан Димитриески. Кај победниците најпрецизен беше Александар Тасов со девет голови.

Противник на младинците во 12-та рунда од шампионатот ќе им биде составот на Еурофарм Работник.

Фото галерија:

OhridNews