Со голема показна вежба припадниците на професионалната противпожарна единица од Охрид, денеска го одбележаа 20 Мај -Денот на пожарникарството во Македонија.
Тие ги демонстрираа своите вештини во гасење пожар во опасни ситуации и интервенција за спасување на повредени во возило. Во вежбата беше вклучено и новото противопожарно возило што фондацијата „Флоријан“ денеска официјално и го предаде на општината. Во склоп на донацијата вредна 300 000 евра вклучена е и друга противпожарна опрема, како и обуката што ја спроведоа инструктори-пожарникари од Велика Британија и Франција кои присуствуваа на денешната показна вежба.Охридските пожарникари денот на пожарникарството го одбележаа и со крводарителска акција што се одржа во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.
Охридските пожарникари демонстрираа врвна подготвеност