Голем хуманитарен концерт се одржа синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев за жителите од поплавените подрачја во Македонија.

На концертот настапија Камелеон, Ѓоко Танески, The Backdoor Band и Дамјан Пејчиноски, Група Романса, Street Spirit, Betty’s Boobs, Ирма Гогова, Натали Илијоска во придружба на Виктор Јолакоски и Ангела Николоска.

– Голем број населени места во Македонија се соочуваат со поплави кои предизвикаа значителни штети. Ние се солидаризираме со нив, а на овој начин скаме да помогнеме ониолку колку што можеме и да ги ублажиме страдањата на луѓето од поплавените подрачја. – истакнаа охридските музички уметници.

Концертот го подржаа Labino Sound, НУЦК „Григор Прличев“, Печатница „НИПОН“, лајонс клубовите од Охрид, Локалниот совет на млади, политички партии…

Кон иницијативата за помош на поплавените подрачја се приклучија и голем број компании и поединци, како и невладини организации и Црвениот крст од Охрид.

Средствата собрани од продажба на влезниците за концерот, кои чинеа 100 денари, како и донации, ќе бидат уплатени во солидарните фондови за помош на жителите од поплавените подрачја. 

Г.М.