Градскиот фудбалски клуб Охрид ги започна подготовките за втората полусезона во Третата македонска фудбалска лига-југо запад.
„Сино белите“ со минимални измени во ростерот во пролетната етапа од Третата МФЛ ќе имаат задача да ја зачуваат првата позиција и да обезбедат пласман во Втората МФЛ-запад.
Охридските фудбалери есенската полусезона ја финишираа со 12 победи и едно реми и со 15 бодовна предност во однос на второпласираниот тим Велешта.
Натпреварите во Третата МФЛ-југо запад започнуваат на 9 и 10 март.
OhridNews