Со охридската фудбалска легенда на клупата, Драган Бочески и нескриени второлигашки амбиции Фудбалскиот клуб Охрид ги започна подготовките за новата сезоната во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.
На почетокот од подготовките ростерот на охриѓани е составен од домашни играчи, а во текот на подготовките ќе се пополнуваат дефицитарните места.
- На почетокот од подготовките ветуваме многу работа и ништо повеќе. Третата лига е многу незгодна и затоа ќе мораме физички да се подготвиме што подобро. На располагање имам охридски фудбалери, кои знаат што значи дресот на Охрид и тоа многу ми ја олеснува работата. – изјави Драган Бочески, кој ќе биде најголем адут на охриѓани во борбата во третолигашкото друштво.
Новата сезона во Третата лига започнува на 26 август, а охриѓани во првата рунда гостуваат кај составот на Велешта.
„Рибарите“, пред седум сезони беа дел елитата, но после одредени проблеми клубот испадна од Првата и не продолжи да се натпреварува во Втората лига
OhridNews