Украсени со неонки, разни светлечки црева и друго, охридските бродови светат како новогодишни елки. Дел од јавноста смета дека тие се украсени премногу нападно и дека ретко на друго место ќе сретнете бродови како охридските, а да не е Нова година. Граѓаните имаат забелешка и на гласната музика која често доаѓа од бродовите кои организираат ноќни прошетки по Охридското Езеро. Се разбира дека бродовите треба да се украсени и треба да пловат и ноќе, ама тоа треба да е направено со стил, а музиката да биде гласна во рамки на дозволеното.


Охридските бродови како новогодишни елки

фото: Васко Бујароски