Шест златни и тринаесет сребрени медали за охридските бреинобреин генијалци на 13-от Интернационален Бреионобреин натпревар. Истиот се одржа на онлајн платформа за учениците кои не можеа да присуствуваат во Дубаи во организација на основачот на самата програма. На натпреварот земаа учество 19 ученици од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид и постигнаа значајни резултати во конкуренција од 23.128 илјади учесници од 78 земји.
Денес на настан кој беше организиран во просториите на Црвен крст Охрид на малите генијалци им беа доделени медалите и сертификатите.
- Јас си поминав на натпреварот многу убаво и освоив златен медал. Решив 15 точни задачи, вели Кирил Велјаноски.
- Имам 10 години и решив 13 задачи кои беа лесни, вели Коста Ристески.
- Овој натпревар ми е втор и лани учествував и освоив сребрен медал. Среќен сум дека добив златен медал. Догодина пак ќе учетсвувам ако има, вели Наум Балески.
- Си поминав убаво, на натпреварот решив 14 задачи и освои медал, вели Спиридон Николоски.
- Незнам колку задачи решив едвај чекав да освојам медал. Ќе учествувам и догодина да одвојам златен медал, вели Натанаил Тодороски.
- Решив 18 задачи и добив златен медал и многу сум среќен поради тоа. Најмногу на наградата се радуваа мама, тато, баба и дедо, вели Христијан Глигороски.
- Освоив златен медал, решив 20 задачи. Задоволен сум многу, вели Игор Здравески.
- Првпат учествувам на натпреварот, добив златен медал и многу сум среќна, вели Мила Петкоска.
- Освоив сребрен медал и се осеќам многу добро, вели Дарија Лотеска.
- На Бреинобреин натпреварот освоив сребрен медал. Ова ми е вторпат да учествувам на натревар и сум среќен. За да успееш повеќе треба да вежбаш, вели Петар Митров.
Задоволни сме од успехот кој го постигнаа нашите ученици, сите натпреварувачи освои медали, вели координаторот и инструктор во програмата Валентина Кузманоска.
Активно работиме и постоиме 15 години и во нашиот Центар поминале над 500 ученици и секоја година на национланите и интернационалните натпревари постигнуваме завидни резултати. На натпреварите децата учествуваат согласно нивото од програмата кое го посетуваат. Истите се состојат во 4 минутно решавање на задачи и кој ќе реши најмногу и најточни задачи за онлајн натпревар, додека за со фиизчко присуство временската рамка е 3 минути. Со оглед дека освоија награди сите во сопствената категорија покажале завидни резултатите во нивото кое го посетуваат, потенцира Кузманоска.
Бреинобреин програмата, вели, е за развој на животни вештини во која децата се здобиваат со вештини од типот на концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми, посочувајќи дека тоа се вештини кои ќе им користат во текот на целиот живот.
Ако програмата се сака и се работи како што налага методологијата на работа воопшто не е тешко да се работи со деца, напротив е многу интересно, бара вложување, но ако се вежба по 15 минути секојдневно има резултат кај секое дете што ја посетува програмата. Во почетокот имаме ментална аритметика, а од петтото ниво почнуваме и со мултитаскинг. Самата програма опфаќа 10 нивоа и секое опфаќа по три месеци. Над 80 деца досега ја имаат комплетирано целата програма, сите 10 нивоа, а на целта стигнуваат најупорните, додава Кузманоска.
Посочува дека постои голема заинтересираност за програмата, а двапати годишно имаат уписи на деца на возраст од 4-14 години.
Фото галерија:
Охридските бреинобреин генијалци ги добија заслужените медали
Н.С.Ј.
фото. А. Момироска