Атлетичарите од охридскиот клуб се севкупни победници во Купот на Македонија кој викендов се одржа на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.

Охридските атлетичари севкупната победа ја обезбедија со убедливото прво место во женска и со второто место во генерален пласман во машка конкуренција.

Атлетичарките на Охрид со 47 бодови го зазедоа првото место, со 28 бодови тимот на Куманово се пласираше на втората позиција додека на третата заврши Студенти со 23 бодови.


Кај машките првото место му припадна на Работнички со 69 поени, охридскиот клуб со 47 поени го освои второто место, а третото финишираше Куманово со 20 бодови.


Со првото место во женска и второто во машка конкуренција охридските атлетичари го потврдија квалитетот и формата.

Михаил Постоловски