Галичица е преубава планина, особено во зима, но како да се стигне до неа, прашуваат граѓаните. Патот низ националниот парк со децении не е прооден во зима, а до местата до кои може да се стигне со возило попатно има одрони кои патувањето го прават опасно, велат вљубениците во природата. И покрај тоа, охриѓани викендов уживаа во сончевото и убаво време на Галичица, а за чувството да биде комплетно излетот на над 2000 метри надморска височина го надополнија со салата и чашка ракија.

OhridNews