Охридските професори по Физичко образование и култура Љупчо и Гоце Тасески и Наум Јамандиев целосно му се ставија на располагање на ракометниот камп на Кирил Лазаров, кој ќе се одржи во Охрид.
Во тек се финалните подготовки, a професорите помагаат околу игралиштето каде ќе се одвиваат тренинзите од ракометниот камп.
– Ни преставува огромна чест што на некој начин успеавме да му помогнеме на нашата спортска икона Лазаров во неговиот прв ракометен камп. Ние секогаш за спортот и за секој спортисти ќе бидиме логистика и ќе помагаме како што знаеме. – потенцираа професорите.
Ракометниот камп на Лазаров ќе се одржи од 22 до 28 јуни, а тренинзите ќе се одвиваат на игралиштетот од хотелот „Аквалина“.
Фото : Емилио
Мх.П.