Голем број љубители на ракометот од сите страни на Европа отпатуваа во Келн на фајналфор турнирот од ракометната Лига на шампиони, да го бодрат актуелниот македонски и европски првак Вардар. Меѓу нив има и навивачи од Охрид, кои како и минатата година веруваат дека заедно со ракометарите на Вардар повторно ќе се радуваат на нова европска титула.

Атмосферата во Келн е одлична. Арената со капацитет од 20.000 гледачи е исполнета до последно место, а еден сектор е резервиран за македонските навивачи кои ќе бидат осмиот вардаров играч на вториот полуфинален меч од фајналфор турурнирот со Монпеље кој почнува во 18 часот.

Во првото полуфинале, во француската пресметка Нант го совлада фаворизираниот ПСЖ.

Г.М.