На крилата од охридската публика која покажа дека живее за ракометот, играчите на Охрид во последните десет минути од мечот направија неверојатен пресврт со кој ги освоија трите бодови во дуелот со Куманово и стигнаа до седмиот бод сезонава. Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски неможеа да не дадат максимум пред таква поддршка од трибините. Десетте завршни минути ги одиграа во транс, а атмосферата во салата ја донесоа до точка на вриење.

Ретко кој седеше во последните минути од мечот.

Првиот човек на Охрид, Бакрачески не го држеше место во финишот.

Тој фамозен тајмаут, по кој охриѓани играа како препородени.

Во право време „Рибарите“ влегоа во прав елемент.

И крв падна за победа.
Андоновски како и секогаш беше најголем емотивец на клупата од Охрид.

Бедемот пред голот на Охрид.

Херојот на денот, „Меци“.

Ракометарите во сини дресови „летаа“ по теренот…

и ги дофатија трите бода.

Победите се најслатки кога се прославуваат заедно. Напред Охрид !!!

 

Мх.П.