„Тренерската клиника“ во Охрид собра две кошаркарски легенди на едно место и тоа Жељко Обрадовиќ и Марин Докузовски.

Српскиот стратег е најпознат по освојувањето на осум европски титули со три различни екипи додека Докузовски е заштитно лице на македонската кошарка.

Со него на клупата Македонија стигна до историското четврто место на Европското првенство пред две години.

Мх.П.