Охрид во првиот ден од новата година пулсира како во шпиц на сезоната. Охриѓани и многубројните гости и денес имаа можност да се забавуваат и да уживаат на градскиот плоштад во одличната атмосфера која ја приредија групата „Балкан џем“ и Драган Мијалковски.
Новогодишната забава во Охрид продолжи и денеска
И покрај променливото време низ градот се чувствува празничната раздвиженост, посебно низ чаршијата, по градскиот кеј, како и во угостителските објекти.
Најбројни и за овие новогодишни празници се гостите од Србија, но и од Бугарија, Грција, Албанија, Црна Горa… Гости има и од подалечни дестинации, од европските земји, но во помал број.
Секако, не изостануваат и голем број гости кои имаат свои станови и викенд-куќи во градот или во некои од туристичките населби на ривиерата.
OhridNews