Билборд кампањата што неодамна ја започна Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, деновиве е проширена во Албанија, Србија и Бугарија. На повеќе атрактивни локации во и околу главните градови и на прометните автопати поставени се билборди на кој Македонија ги рекламира туристичките потенцијали. Како што веќе информиравме на билбордите доминираат мотиви од природното и културно историското богатство на Македонија, во најголем дел од Охрид. Од Агенцијата сметаат дека со кампањата, како и со другите промотивни активности ќе се придонесе за поголема афирмација на Македонија во соседството што треба да резултира со зголемување на странските посетители во земјата.


Охрид привлекува туристи во соседството

Ohridnews