Охрид го живее шпицот на сезоната. Во градот се бара кревет повеќе, а на плажите нема каде игла да падне.

Чаршијата и шеталиштата се полни со луѓе, кејот исто така каде освен шетачи голем е и бројот на капачи.

Кон и од плажите можат да се забележат колони возила, особено во попладневните часови.

Бројните концерти и културни настани во продолжениот празничен викенд ќе кулминираат со настапот на светски познатата музичка ѕвезда Лени Кравиц кој утре вечер ќе одржи концерт на стадионот „Билјанини извори“.

Г.М.