Македонскиот туристички бисер Охрид и оваа година за новогодишните празници изгледа прекрасно. Градот блеска во новогодишниот празничен сјај.

Празнична магија се чувствува насекаде, во центарот, на градскиот кеј и по кружните текови каде можат да се забележат илјадници сијалички и светлечки реквизити.

Централниот плоштад го краси новогодишна елка, а парковите наоколу личат на разгледница. Дополнително атмосферата ја збогатуваат и прекрасно украсените угостителски објекти и продавници во чаршијата.

За новогодишните празници, но и за католичкиот Божиќ се очекува Охрид да го посетат бројни домашни, но и странски гости, како од соседните земји, така и од подалечните.

Од Општината најавуваат и богата програма како за возрасните, така и за најмладите, но и организиран дочек на Новата година на градскиот плоштад.

Н.С.Ј.

фото. Кристијан Котевски