Охридските фудбалери забележаа нова победа во Третата македонска фудбалска лига југо-запад совладувајќи ја Сатеска со 4-1 во локалното дерби од 23-та рунда од шампионатот.
Речиси половина час игра им беше потребна на фудбалерите од Охрид да го скршат гостинскиот отпор. Патот до мрежата го најде Томче Речкоски кој го отвори резултатот. На минута од крајот на првиот дел охриѓани со голот на Ромео Кочоски го зголемија водството.
Во 60-та минута Боби Танески погоди за 3-0, а после шест минути игра Димитар Скепароски намали на 3-1. Предноста од три погодоци за Охрид ја врати Никола Секулоски, а Сатеска мечот го заврши со играч помалку, откако Дарко Бочески поцрвене поради два жолти картони.
Овој триумф е своевиден реванш на Охрид за ремито со Сатеска во Волино кој беше единствен неуспех во првата полусезона.
Мх.П.