Ракометарите на Охрид ја забележаа втората победа во контролните мечеви откако во „Билјанини Извори“ го совладаа Пелистер со 21-17 (10-5).
Клучен за победа на охриѓани против битолските „зелено бели“ беше одличниот почеток на натпреварот.
„Гладијаторите“ голманските интервенции ги капитализираа со голови и поведоа со 5-1 во десеттата минута.
Стекнатата предност домаќините ја задржаа до крајот на првиот дел кој заврши со (10-5).
Во второто полувреме ракометарите на Пелистер притиснаа и успеаја да фатат резултатски приклучок.
Но, охриѓани со неколку брзи погодоци во последните десеттина минути ги отпишаа битолчани од поволен резултат.
За пулените на Горан Андоновски е втора победа во исто толку натпревари. Првиот триумф беше извојуван во Грција против екипата на Едеса.
Мх.П.