Со одржувањето на школската трка за основните училишта по должината на кејот Македонија покрај Охридското езеро во машка, женска и рекреативна конкуренција започна Охрид трчат викендот во градот под Самоиловите тврдини.

Во машка конкуренција триумфираше Наум Танески, додека во женска најдобра беше Стефанија Ристеска. Второпласиран кај машките беше Мартин Шапкароски, а третопласиран Цвете Танаскоски. Кај женските Марија Устијаноска финишираше втора, а трета заврши Кристина Костеска.

– Победата и првата позиција им ја посветувам на лицата со посебни потреби. Инаку, ми беше големо задоволство да трчам на оваа трка, која означи почеток на атлетскиот хепенинг во Охрид. – изјави Стефанија Ристеска која е активна атлетичарка.

Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ со активностите околу Охрид трчат викендов продолжува в сабота со доделувањето на стартните пакети.

– Целта на Асоцијацијата е здрав и среќен живот, а рецептот за такво нешто е спортот. Затоа сакаме спортот да го етабилираме во сите основни училишта и школската трка да биде синоним за Охрид. Нашите активности продолжуваат в сабота со доделувањето на стартните пакети и презентирање на трката на учесниците. В недела ги повикувам сите охриѓани и гости да излезат на улиците и да им дадат поддршка на натпреварувачите. – порача Јоне Станкоски.

Пријавувањето за учество на Охрид трчат викендот трае уште денеска и утре онлајн на страната „Smartrace.club, а главниот настан e закажан за 4 јуни во 10 часот.

Фотогалерија:


Охрид почна да трчат !

Мх.П.