Фудбалерите на Охрид триумфираа на турнирот „Воска 2018“, кој втора година по ред се одржува на стадионот „Грашница“. На турнирот учествуваа Охрид, струшки Влазними, Вулкан и домаќинот Воска.

Во финалето охридските бели ја совладаа Воска со убедливи 6-1, а во полуфиналето славеа над Влазними 2-1. Воска за пласман во финалето го елиминираше Вулкан после изведувањето на пеналите 3-0 (3-3).

Фудбалскиот клуб Охрид подготовките за новата сезона во третолигашкото друштво ги започна со големи амбиции и една цел влез во Втората лига.

Што се однесува до турнирот, организираторот заслужи чиста десетка, бидејќи на сред сезона смогна сили да организира и да ја продолжи традицијата, која започна минатата година.

OhridNews