Во рамки на проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, вчера вечер во кафе и бар „Шила“ се одржа изложба на уникатни фотографии од охридската архитектура.

-Настанот е дел од еден поголем тригодишен проект поддржан од Европската Унија. Почна пред две години, а ќе заврши сега во декември. Ова е само еден од многуте настани коишто ги организираме, а летово ќе има и други. Кординатори се Локалната Агенција за развој од Струга и здружението на граѓани „Креативни и активни“ од Струга. Во кафе и бар „Шила“ изложени се избрани фотографии кои го претставуваат чувството на припадност на сите граѓани што ни испратија фотографии на нашиот повик.– истакна Катерина Василеска од Локалната Агенција за развој од Струга, менаџер на проектот.

А.М.