Есенски дожд и ветар, што посилно тоа поубаво. Секако, уживам многу во летна топлина, прекрасната пролетна светлина и во зимскиот студ, кој има свој сјај.
Но, заглавен сум во турбулентна и непредвидлива морска клима. Навикнат да живеам со жолти, портокалови и црвени аларми за опаснаст и (не) изненадувачки временски напади. Живеам во близина на Северното Море во Холандија, со морски воздух. Тука шетам, во бурни есенски услови на празна плажа, посреќен не можеш да ме направиш.
Со децении, исто така, ги поминувам пешачејќи многу делови во нашиот променлив, веќе непрепознатлив Охрид. Често сум го видел Охрид како се буди, како оживуваат ќошињата и уличките во раните утра кога пешачам покрај езерото. Таа тишина, таа празнина, која ја доживувам со неоптоварен ум, тоа пешачење ми е златен дар за мозоков.
Неодамна се шетав низ Охрид во планинско – езерско невреме. Излегов намерно после 22.30 часот, опремен за бурното време. Очиве ме водеа. До полноќ, во тие два часа, сретнав само со пет луѓе.
Се дружев со Охридските бранови и ноќните градски бисери. Среќно спиев дома со свеж дух.
Охрид навечер, бранови и скриени градски бисери
Влатко
Амстердам
Гледиштата изнесени во рубриката Отворена се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите