Охриѓани, особено помладите, масовно се приклучија на дефилето на велосипеди што се одржа во рамки на Фестивалот на велосипеди „Велофест“, што вчера се одржа во Охрид. Учесниците продефилираа низ охридските улици, а похрабрите имаа мал перформанс пред Центарот за култура. Љубителите на велосипеди имаа можност да ја посетат и изложбата на велосипеди која беше поставена во Центарот за култура и да се запознаат со историјата на ова превозно средство.


Охрид на велосипеди

фото: Емилио