Фудбалерите на Охрид со минимален пораз ги започнаа контролните натпревари во подготвителниот период. Подобар ривал од охриѓани беше составот на Мачва Шабац, кој победи со 1-0 (1-0).

За екипата на Мачва Шабац ова беше втора победа во третата тест средба во Охрид. Четвртиот натпревар, српскиот прволигаш ќе го одигра денеска против составот на Ренова.

Охридските „сино бели“ изгледаа добро и околу половина час добро му парираа на ривалот. Гостите од Србија после една добра тимска акција го најдоа патот од охридската мрежа.

Избраниците на Драган Бочески во финишот од првиот дел и во текот на второто полувреме креираа неколку прилики за погодок, но затаија во реализацијата и резултатот остана во корист на гостите.

Охриѓани, следниот тест натпревар ќе го одиграат в сабота против тимот на Караорман.

OhridNews