Охридските ракометари забележаа нова победа во мечевите од плејаутот во Супер лигата. „Гладијаторите“ пред своите гледачи во рамките од втората рунда го совладаа тимот на Борец со 38-12 (17-7).
Домашниот состав мечот го започна со младинците кои се закитија со сребрен медал на завршниот турнир кој се одржа во Охрид викендов кој измина. Ракометните надежи рутински ја одработија својата задача и стигнаа до убедлива победа. После триесет минути игра обезбедија предност од десет голови (17-7), а на крајот конечниот резултат изнесуваше 38-12.
За одбележување покрај добрата играта на младинците се одличното деби на 14-годишниот Владимир Наумоски кој постигна шест голови и враќањето на Иван Тасески кој се опорави од повредата. Најефиксен со 8 голови во тимот на Охрид беше Даниел Андоноски, седум реализираше Михаил Иваноски, а по шест пати прецизен беше и Мартин Ивановски.
Првотимците на Охрид воопшто не влегоа во игра и зачуваа сили за утрешниот меч кој ги очекува во Радовиш против истоимениот состав.
OhridNews