Охридските ракометари се искачија на врвот од табелата во Супер лигата по триумфот над младинските ракометари од Металург во Скопје.
„Гладијаторите“, со три победи во четири мечеви ја делат првата позиција со екипите на Еурофарм Работник, Пелистер и Прилеп.
Следен предизвик за охриѓани во Супер лигата е составот на Вардар Јуниор со кој ќе се сретнат во среда со почеток во 18 и 30 часот.
Резултати: Металург 2 – Охрид 29-31, Прилеп – Тинекс Пролет 27-26, Еурофарм Работник – Борец 32-23, Вардар Јуниор – Работнички 19-12, Пелистер – Радовиш 25-14.
Табела: Охрид 9, Пелистер 9, Еурофарм Работник 9, Прилеп 9, Металург 2 7, Радовиш 6, Тинекс Пролет 4, Борец 3, Вардар Јуниор 3, Работнички 0.
Двојки 5.коло: Радовиш – Прилеп, Борец – Металург, Тинекс Пролет- Еурофарм Работник, Работнички – Пелистер, Охрид – Вардар Јуниор.
Фото: Р.К. Металург
OhridNews