Со низа свече ости и културни настани во Охрид се одбележува 121-годишнината од Илинденското востание и 80 години од АСНОМ.

Охрид го чествува Илинден. Фото: Горан Момироски

Синоќа во Велгошти се одржа манифестацијата „Ноќ спроти Илинден“. Пред обележјето не Илинденците беше положено свежо цвеќе, а историски осврт кон Илинденското востание и неговото значење имаше м-р Михаил Патчев.

Чествувањата продолжија денеска, со полагање цвеќе пред спомен – обележјата на Илинденците во градскиот парк.

Свежо цвеќе ќе биде положено и на спомен обележјата Прентов мост и во селото Плаќе каде се воделе едни од најкрвавите битки за време на Илинденското востание.

По повод празникот, честитка до граѓаните упати градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Чествувајќи го 2. Август – Денот на Републиката значи дека сеуште тлее идеалот на двата Илиндена во нас. И се додека тоа е така значи дека се уште ја прославуваме љубовта кон татковината. 2. Август е денот кој не обединувал уште од минатото, денот кој не инспирира и кој значи продолжување на делото што нашите славни предци го започнаа.

Денес се сеќаваме и им оддаваме почит на големиот број револуционери, кои верни на својте идеали за слободна и независна Македонија ги положиле своите животи. Нивната жртва е потсетник дека слободата и независноста на Македонија биле над се.
Уште еднаш Слава им на сите синови и ќерки кои ги положија своите животи за нашата татковина- Вековита Македонија.

Нека ни е честит и вековит празникот Илинден! – се вели во празничната честитка на градоначалникот Пецаков.

Г.М.

Фото: Охридњуз