Охридскиот ракометен клуб се покажа како достоен ривал на македонскиот преставник во Купот на ЕХФ, Еурофарм Работник во тест средбата која двете екипи ја одиграа во СРЦ „Билјанини Извори“. „Фармацевтите“ победија со 31-22 (16-14) и успешно ја поминаа генералната проба пред европските битки.
„Гладијаторите“ на лидерот на табелата во Супер лигата му парираа едно полувреме и десеттина минути од вториот дел. Битолчани кои се во врвот на тренажниот процес уфрлија брзина погоре и во стигнаа до победата.
- Задоволен сум од натпреварот и играта на момците. Нас како екипа ни недостасуваат барем уште две седмици да се воиграме но никој нам не` не прашува. Светското првенство ни ги поремети нашите планови но како што е за нас така е и за другите. Во понеделник ќе се комплетираше и ќе имаме четири-пет денови да се подготвиме што подобро. Наша цел е во фазата по групи во Купот на ЕХФ да акумулираме искуство и ракометно да пораснеме пред дуелите во плејофото во Супер лигата. Исто така посакуваме добро да се преставиме во групната фаза и да освоиме бодови. – изјави стратегот на битолчани, Ѓорѓе Чирковиќ.
„Гладијаторите“ продолжуваат со подготовките, а традиционално тест натпревар ќе одиграат со грчката екипа Едеса и со некои ривали од македонскиот шампионат.
OhridNews