Иако поскромно украсен во однос на изминати години, Охрид и оваа година за новогодишните и божиќните празници изгледа прекрасно. Центарот на градот, чаршијата и делови од внатрешноста се во празнично руво. Централниот плоштад го краси новогодишна елка со илјадници сијалични, а парковите наоколу личат на разгледница.
Поради актуелната здравствена криза предизвикана од пандемијата на Ковид 19, за новогодишните и божиќните празници оваа година за празниците во Охрид ќе изостанат организираните културно-забавни настани и концерти, но посетителите ќе може да уживат во идиличната зимска атмосфера и прошетките на отворено.
Комисијата за заразни болести денеска одлучува за евентуални дополнителчни рестриктивни мерки кои се однесуваат на работата на угостителските објекти за претстојните празници, што според туристичките работници, во голема мера ќе зависи и нивната понуда.
OhridNews
Фото: А. Момироска